Австрија од 1 април ќе ја промени стратегијата за тестирање на коронавирусот и оттогаш секој граѓанин ќе има можност да се тестира пет пати со ПЦР тест и пет пати со антигенски тест бесплатно.
Во моментов постои широка стратегија за тестирање, која им овозможува на граѓаните секојдневно да се тестираат, доколку сакаат, за бесплатен ПЦР или антигенско тестирање.
Министерот за здравство Јоханес Рауч рече дека од почетокот на пандемијата се потрошени три милијарди евра за тестирање на граѓаните.
– Сè уште ќе има тестови. На кој му треба бесплатен тест, ќе добие – подвлече тој.
Така, на пример, луѓето во домовите за стари лица и старите лица ќе имаат можност почесто да се тестираат. За детално следење на епидемиолошката состојба, најави, ќе се врши мониторинг на отпадните води преку кој ќе се мери присуството на вирусот кај населението.
Исто така, од 1 април, според одлуката на Министерството за здравство, ќе се промени правилото за карантин.
Така, лицата кои биле во контакт со заболените, а биле целосно вакцинирани, од април ќе можат да одат на работа и пазарење, но не и во ресторани, забави, настани.
Не мора да бидат ставени во карантин и лицата кои не се целосно вакцинирани или кои не се вакцинирани, но ќе мора да носат маска на работа и при пазарење, но им е забрането да одат на настани и во угостителски објекти.
Со олеснување на мерката карантин, Рауч сака да го спречи заканувачкиот недостиг на кадар поради вирусот, односно карантин. Во училиштата останува на сила сегашниот режим на тестирање, кој предвидува два до три тестирања на ученици неделно.
Градоначалникот на Виена Мајкл Лудвиг ги критикуваше промените во стратегијата за тестирање против коронавирусот. Тој посочи дека Виена ќе го продолжи својот конзистентен пат и дека нема да ги повторува грешките, што го прави федералната влада.
Тој најави дека виенските власти, кои сакаат да го задржат сегашниот систем за тестирање, ја разгледуваат можноста да спроведат сопствени мерки и во оваа област.