Католички бискуп во САД поднесе оставка помалку од три месеци по неговото назначување, поради обвинувања дека злоставувал деца.
Ватикан објави дека бискупот Микел Мулој (66) поднел оставка, без да соопшти за причината.
Сепак, бискупијата на Рапид Сити, во Јужна Дакота, објави дека два месеци откако бил назначен, таа била известена за обвинувањата против Мулој за сексуално злоставување на малолетници во раните 1980-ти. Молој поднел оставка кога дознал за развојот на ситуацијата. (МИА)