четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Обновена истрагата за децата родени без раце

Обновена истрагата за децата родени без раце

Франција започна со националната истрага за случаите во кои бебиња се родени со деформирани или без раце, откако беа откриени абнормални стапки на деформации во неколку региони во земјата, соопшти денеска Франсоа Бурдијон, шеф на агенцијата за јавно здравство.

Во изјавата за радио РТЛ тој  изјави дека истрагата е „во тек”, а резултатите ќе бидат познати „за околу три месеци”.

На 21 октомври министерката за здравство Андрес Бузин ја најави новата истрага, оценувајќи дека е „неподносливо“ тие случаи да останат неразјаснети.

Тогаш таа рече дека во истрагата ќе биде обновена, а во неа ќе учествуваат лекари и експерти за животна средина.

Во департмантот Ена во периодот од 2009 до 2014 година се родени седум деца без раце, во Атлантска Лоара три во 2007 и 2008, а во Бретања четири деца во периодот од 2011 до 2013 година.

Првата истрага ја спроведе санитарната агенција „Јавно здравство на Франција“ и кон почетокот на октомври заклучи дека случаите во Ена статистички се во националните граници. Но за малформациите во Атлантска Лоара и Бретања не се пронајдени објаснувања.