Цените на нафтата денеска се искачија над 93 долари поради очекувањата дека ублажените корона мерки во Кина ќе ја поттикнат потрошувачката, што ги засени стравувањата од економско забавување поради зголемувањето на каматните стапки во САД.
На лондонскиот пазар цената на барелот попладнево беше за еден долар повисока од вчерашното затворање и изнесуваше 93,38 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по повисока цена од 1,14 долари, од 85,65 долари.
Во борбата против високата инфлација, централната банка се обидува да ја закочи економијата и ќе продолжи да го зголемува краткорочното целно ниво на каматни стапки, изјави претседателот на канцеларијата на ФЕД во Филаделфија, Патрик Харкер.
Стравувањата од забавување на побарувачката на гориво во услови на слаб економски раст повторно се намалија во попладневните часови пред надежите дека Кина ќе ги олесни строгите мерки за борба против Ковид-19 и ќе ја зголеми потрошувачката на гориво.
Блумберг њуз објави дека Пекинг размислува да го скрати периодот на карантин за странските посетители од десет на седум дена. Пекинг се уште официјално не потврдил дека ќе го стори тоа.
Кина, најголемиот увозник на сурова нафта во светот, и оваа година опстојува со строги мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, што во голема мера ги оптоварува деловните и економските активности и ја намали побарувачката за гориво. (МИА)