недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од денеска во овој европски град вработените во рестораните мора да бидат вакцинирани

Од денеска во овој европски град вработените во рестораните мора да бидат вакцинирани

Од денеска вработените во рестораните и другите услужни места во Париз, што се околу два милиона, мора да покажат доказ за вакцинација, негативен ПЦР тест или доказ за прележан Ковид- 19 кога ќе дојдат на работа, како дел од владините напори за борба против пандемијата на коронавирус.

Јавноста е веќе должна да ја прикаже истата документација за одење во ресторани и туристички локаци.

Речиси 72 процента од Французите ја примиле првата доза на вакцината, а повеќе од 64 проценти се целосно вакцинирани, додека малцинството се противи на вакцинацијата и од јули одржува неделни протести низ целата земја. Франција е на второ место по бројот на инфекции во Европа во последниот месец, а досега се регистрирани повеќе од 114.000 смртни случаи. (MИА)