четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Од утре задолжителен карантин во Германија за лица кои доаѓаат од странство

Од утре задолжителен карантин во Германија за лица кои доаѓаат од странство

Од утре во Германија стапува на сила задолжителен карантин за лицата кои ќе дојдат од странство.

Како што најави Министерството за внатрешни работи, сите лица кои доаѓаат од странство мора да бидат во двонеделен карантин.

Во случај на непочитување на мерката следи казна од 150 до 25.000 евра.

Сојузната држава и покраините договорија регулатива со која се предвидени единствени мерки.

„Овие мерки се наменети со цел да го прекинат синџирот на инфекција во прекуграничниот сообраќај и со тоа да се спречи натамошно ширење на вирусот“, се наведува во соопштението на  Министерството.

Од задолжителниот карантин се изземени прекуграничните работници, лицата кои биле на службен пат, како и возачите на камиони