петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОН: Во неодамнешниот земјотрес во Авганистан, 90 отсто од загинатите се жени и деца

ОН: Во неодамнешниот земјотрес во Авганистан, 90 отсто од загинатите се жени и деца

Повеќе од 90 отсто од загинатите во земјотресот во Авганистан што се случи минатата сабота, се деца и жени, соопштија денеска Обединетите нации.

Талибанските власти информираа дека бројот на загинати во земјотресите со јачина до 6,3 степени во западен Авганистан, во близина на градот Херат, се искачи на повеќе од 2.000 и дека се од различна возраст и од двата пола.

Според ОН, епицентарот на земјотресот бил во областа Зенда Јан, каде загинале 1.294 лица, 1.688 се повредени, а сите куќи се уништени.

Шефот на теренската канцеларија на УНИЦЕФ во Херат, Сидиг Ибрахим, рече дека е поверојатно дека жените и децата биле во своите домови утрото кога се случил првиот земјотрес, а потоа и уште неколку силни.

„Кога се случи првиот земјотрес, луѓето мислеа дека е експлозија и влегоа во нивните домови“, рече тој.

Стотици други, главно жени, сè уште се водат како исчезнати во Зенда Јан.

Претставникот на Фондот за население на Обединетите нации во Авганистан, Хаиме Надал изјави дека немаше да има „родова димензија“ во бројот на жртвите доколку земјотресот се случеше навечер. Тој појасни дека голем број рано изутрина излегуваат и одат на работа во Иран, поради што во домовите останале претежно жени и деца.