вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Остар пад на цените на нафтата

Остар пад на цените на нафтата

На светските берзи цените на нафтата драстично паднаа во првата недела од новата година бидејќи трговците стравуваат дека побарувачката за „црното злато“ ќе ослабне поради забавувањето на растот на најголемите светски економии.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 8,5 отсто, на 78,57 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 8,1 отсто, на 73,77 долари.

По растот за околу 13 отсто во претходните три недели, цените на нафтата изгубија добар дел од тие добивки минатата недела.