недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Падна владата на Словачка поради скандал со вакцините

Падна владата на Словачка поради скандал со вакцините

Владата на премиерот на Словачка Игор Матович денеска поднесе оставка со цел да ја ублажат политичката криза предизвикана откако се откри дека тајно набавиле вакцини против ковид-19 од рускиот производител.

Тоа е првата европска влада која паѓа поради пандемијата. Коалициските партнери на Матович ќе останат како дел од владата, за да се избегне организирање на нови предвремени парламентарни избори.

До политичката криза во словачката влада дојде откако на почетокот на март беше обелоденето дека преку таен договор владата договорила да набави 2 милиони дози од руската вакцина „Спутник В“. За овој договор не биле известени коалиционите партнери на Матович, па под нивни притисок тој прифати да даде оставка од премиерското столче.

Словачка е сериозно погодена од пандемијата на коронавирусот. Досега се регистрирани над 359 илјади случаи на ковид-19, од кои 9 624 починаа. Во моментов имаа околу 95 илјади активни случаи.