Папата Франциск денеска првпат се огласи по повод немирите во САД, порачувајќи дека никој не смее да „затвора очи пред расизмот“.
Тој, исто така, го осуди насилството како „самодеструктивно и самопоразувачко“.
Поглаварот на Римокатоличката црква со голема загриженост ги следи вознемирувачките социјални немири во САД во изминатите денови, по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Папата се помоли за национално помирување и мир во САД. Тој оцени дека смртта на Џорџ Флојд е трагична, додавајќи дека се моли за него и за сите кои се убиени како резултат на „гревот на расизмот“.