вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Папата Франциск побарал средба со Путин

Папата Франциск побарал средба со Путин

Папата Франциск изјави дека побарал средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, за да разговара за запирање на војната во Украина, но не добил одговор.

Папата вели дека околу три недели по војната, тој побарал од највисокиот дипломат на Ватикан да испрати порака до Путин за организирање состанок.

– Се уште не добивме одговор и се уште инсистираме. Се плашам дека Путин не може, и не сака, да ја има оваа средба во овој момент. Но, како не можете да престанете со толку бруталност?, вели папата во интервју за италијанскиот весник „Кориере де ла сера“.