Папата Франциск денеска изјави дека е „скршен“ од болка по масакрот во училиште во Тексас во кое загинаа најмалку 19 деца и двајца наставници и притоа ја осуди трговијата со оружје.
-Скршен сум од масакрот во основно училиште во Тексас. Се молам за децата, возрасните убиени и нивните семејства, изјави папата по неделната генерална аудиенција.
„Време е да се каже ’доста е’ за неселективна трговија со оружје, кажа тој.
Вооружениот напад во Увалде, малата општина на околу еден час од границата со Мексико, е најсмртоносниот инцидент во американско училиште во последните години и последен во серијата крвави насилства со оружје во Америка.
Во нападот во училиштето, во кое учат повеќе од 500 деца, главно од шпанско потекло и со неповолна економска ситуација, повредени се повеќе од десетина деца.