Пет лица се сметаат за исчезнати во провинцијата Јунан откако свлечиште уништи две куќи, јавуваат кинеските медиуми.
Обилните сезонски дождови и тајфуни предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, така што во провинцијата Сичуан 21 паркирано возило паднаа во дупка, откако бетонот на паркингот урнал во текот на ноќта. Никој не е повреден.
Тајфунот Хигос, кој прво го погоди Хонг Конг, во текот на ноќта стигна до провинцијата Гуангдонг, со налети на ветрот од 126 километри на час, објави кинескиот метеоролошки центар.
Тајфунот премина во тропска бура откако продолжи да се движи кон соседниот регион Гуангџи, каде што беа евакуирани повеќе од 65.000 луѓе, училиштата беа затворени, а бројни рибарски чамци беа вратени на пристаништата.
Налетите на ветрот соборуваа дрвја, што предизвика прекин на електричните водови, а најголема поплава ја погоди провинцијата Сичуан.