Круемади, кој е и сопруга на Мета, посочува дека сите напори за вклучување на ЛСИ во разговорите едноставно сe „дел од болната фантазија на Еди Рама“, кој според неа, „денес е повеќе од кога било подготвен да купи и продаде се во име на власта“.
Таа нагласи дека на Рама треба да му биде повеќе од јасно дека за да ја спаси премиерската фотелја никогаш нема да има помош од ЛСИ.
– Ќе продолжиме да бидеме дел од обединетата опозиција, со јасна и прецизна цел, отстранување на бандитската власт на Еди Рама. Да го спасиш денес Еди Рама би значело уништување на иднината на Албанците, а овој грев опозицијата не може да го превземе на свој грб, наведува Круемади.
Идентичен став претходно, гостувајќи на тиранската телевиизја Ора њуз, изнесе и потпретседателот на ЛСИ, Петрит Васили, додека нивниот сопартиец и пратеник Шезаи Рокај смета дека на Албанија и е потребна стабилна влада на широка основа, бидејќи сегашната потрфлила во секој аспект.
(Миа)