четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пекинг: Нема компромис кога се во прашање кинеските интереси

Пекинг: Нема компромис кога се во прашање кинеските интереси

Кина денеска соопшти дека „нема простор за компромис“ за кинеските интереси по изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека САД се подготвени воено да го бранат Тајван во случај на инвазија на Пекинг.

– Кина нема да остави простор за компромис за прашања поврзани со своите основни интереси, како што се суверенитетот и територијалниот интегритет, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

Бајден вчера изјави дека САД ќе го бранат Тајван и дека имаат обврска да го бранат островот, кој Кина го смета за своја територија.

Воените тензии меѓу Тајван и Кина се најлоши во последните 40 години, оценија тајванските власти претходно овој месец.