понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пентагон негира дека Сиријците ги пресретнале ракетните напади

Пентагон негира дека Сиријците ги пресретнале ракетните напади

Американската армија денеска ги негираше тврдењата дека поголем број од нивните проектили лансирани кон Сирија биле соборени.

Според генералот Кенет Мекензи, кој одржа брифинг во Пентагон, биле лансирани вкупно 105 проектили, а сириските противвоздушни системи се активирале само при крајот на операцијата.

Најголем број од проектилите, 76 ракети од кои 56 од типот „томахок“, биле лансирани кон центарот за развој на хемиско оружје во главниот град Дамаск, изјави генералот Мекензи. Дополнително, 22 проектили биле лансирани кон команден центар на сириската армија во областа Хомс, а 7 кон склад во кој се чува хемиско оружје. Според генералот Мекензи, сите три цели претрпеле штета која допрва ќе се утврдува, а сириското воено воздухопловство не се обидело да го спречи нападот. Руските противвоздушни системи во Сирија исто така не реагирале, а за активирањето на сириските противавионски топови генералот Мекензи оцени дека биле поголема опасност за цивилното население во Дамаск отколку за американските ракети.

Во меѓувреме, руската новинска агенција ТАСС јави дека од комплексот во Дамаск во кој се истражувало и произведувало хеимско оружје скоро ништо не е останато, а дека над градот можел да се види густ чад и десетина часа по наапдот. Поголем број возила во близина на комплексот, кој претрпе најголем интензитет на нападите, биле целосно уништени.

МИА