вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПО 900 ГОДИНИ: Ерупција на вулкан во Исланд (ВИДЕО)

ПО 900 ГОДИНИ: Ерупција на вулкан во Исланд (ВИДЕО)

Ерупција на вулкан во близина на Рекјавик се случила синоќа, потврдил сеизмолог од Исланд. Последите неколку недели во Исланд се регистрирани над 50.000 земјотреси, што е можно да ја предизвикале активноста на вулканот.

Ерупцијата била во ненаселено подрачје, па најверојатно лавата нема да предизвика значајни проблеми. Се очекува ерупцијата да трае од неколку дена до неколку недели.

Видир Реинисон од Цивилната заштита истакнал дека оваа ерупција е прва на ова подрачје од 12-тиот век.

Активното подрачје се наоѓа на 30 километри од главниот град Рекјавик.