Алжир ги отвори денеска џамиите, кафулињата, плажите и парковите за првпат по петмесечно затворање поради пандемијата на коронавирусот.
Алжир е една од државите што го задржа ограничувањето на движење најдолго заради пандемијата.
Полицискиот час ќе остане на сила во повеќе од половина од државата.
Ресторани и џамии во кои можат да се сместат повеќе од 1.000 луѓе се повторно отворени, со задолжително почитување на мерката за физичко растојание.
Присуството на џамии е се уште забрането за сите жени, деца и постари лица.
Во Алжир, од почетокот на епидемијата се заразени вкупно повеќе од 37.000 луѓе, а починале 1.350 луѓе. Тоа е трета највисока стапка на смртност во Африка, по Јужна Африка и Египет.