недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Починатите од коронавирус ги полнат крематориумите во Кина

Починатите од коронавирус ги полнат крематориумите во Кина

Крематориумите низ Кина се борат да се справат со телата на починатите кои доаѓаат кај нив откако кинеската влада одлучи да ги укине строгите мерки на политиката „нулта ковид“, јавуваат повеќе светски медиуми.

-Десет до дваесет луѓе стоеја надвор и чекаа додека службениците ги изнесоа ковчезите на тркала и ги извикуваа имињата на починатите, изјави новинарот Дака Канг за Би-Би-Си од Пекинг.

Тој разговарал со претставници на погребалното претпријатие, кои рекле дека забележале зголемување на сообраќајот.

-Еден од нив конкретно рече дека процениле дека таму се кремираат од 50 до 100 луѓе дневно, наспроти само неколку десетици во нормални денови, вели Канг.

Ова не е слика само во Пекинг кој е дом на повеќе од 22 милиони луѓе, погребалните претпријатија се полни во поголем број градови.

Од северо-исток до југо-запад на земјата, новинската агенција АФП објави дека работниците во крематориумите имаат потешкотии да се справат со зголемениот број на жртви.

На околу 700 километри североисточно од Пекинг, во градот Шенјанг, вработен во погребна куќа рече дека телата на починатите остануваат непогребани и до пет дена.

Крематориумите се „апсолутно преполнети“, вели тој. „Никогаш не сум имал ваква година.

Но, Канг вели дека е невозможно да се знае точно колку е зголемен бројот на смртни случаи од Ковид.

Кинеските власти соопштија дека имало само пет смртни случаи од вирусот во вторникот.