сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поддржувачи на Израел и Хамас изглегоа на протести во Њујорк, полицијата ги раздвои

Поддржувачи на Израел и Хамас изглегоа на протести во Њујорк, полицијата ги раздвои

Неколку стотици пропалестински демонстранти се собраа на Тајмс Сквер во Њујорк, во знак на поддршка на нападот на Хамас врз Израел, додека неколку десетици поддржувачи на Израел се собраа од другата страна на улицата.

Како што пренесува „Тајмс оф Израел“, пропалестинските демонстранти носеле палестински знамиња и извикувале пароли „Отпорот е оправдан“, „Глобализирајте ја интифадата“, „Скршете ја населената ционистичка држава“, како и „Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна”.

Од другата страна на патот, се собраа неколку десетици произраелски демонстранти, меѓу кои и многу Израелци, пеејќи ја израелската химна, носејќи израелски знамиња и извикувајќи „Срам“ и „Убијци“.

Некои приврзаници на двете страни се судриле меѓу себе, но полицијата брзо ги разделила, пишува „Тајмс оф Израел“.