Подваријантата на омикрон „БА.2“, која е позаразна, се повеќе се шири во Австрија. Тоа го покажуваат и податоците од провинцијата Долна Австрија, каде секоја петта инфекција била предизвикана од „БА.2“.
„БА.2“ се шири побрзо отколку што очекуваа австриските власти.
– Во изминатите две недели уделот на новата варијанта се зголеми на 20% – објасни покраинскиот секретар за здравство, Улрике Коенигсбергер-Лудвиг.
Во Долна Австрија, според податоците, експертите предупредуваат на „бран во бран“.