Француската полиција во вторникот изврши претрес во домот на министерот за финансии Оливие Дусоп, кој е под истрага за корупција, незаконско преземање на интереси и фаворизирање, соопшти денеска полицијата.
Како што јави дописникот на МИА, истрагата се однесува на два литографии што му ги подарила компанија во 2017 година, кога Дусоп бил пратеник и градоначалник.
– Обвинителството ја продолжува истрагата. Ова е нормално и ќе се докаже дека не сум виновен. Јас ги вратив литографиите пред неколку недели. Иако нема ништо казниво, јас претпочитав да ги вратам, за да заврши ова контроверзна истрага, истакна Дусоп. (МИА)