среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полицијата во Израел со водени топови растеруваше демонстранти

Полицијата во Израел со водени топови растеруваше демонстранти

Израелската полиција употреби водени топови за да растера илјадници демонстранти кои се собраа во центарот на Ерусалим во знак на протест против премиерот Бенјамин Нетанјаху во судирите што избувнаа во текот на ноќта, по што беа упасени најмалку 55 луѓе.

Во Израел во изминатите неколку недели се организираат протести на кои демонстрантите го повикуваат премиерот да поднесе оставка поради обвиненијата за корупција и лошо управување на Владата со пандемијата.

Вчерашниот протест беше организиран во близина на резиденцијата на Нетанјаху доцна попладне и првично се одвиваше мирно.

Мал контра-митинг на приврзаниците на премиерот се одржа во близина, а двата спротивставени табори беа одделени со метални барикади и голем број полицајци.

Полицијата соопшти дека се обидела да ги растера демонстрантите кога се обиделе да прошетаат низ градот.

Тогаш дошло до судир меѓу полицијата и демонстрантите, по што пристигнале четири големи камиони со водени топови, за да се растераат насобраните граѓани. (MИА)