сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Политико: САД ќе ја забрзаат модернизацијата на нуклеарното оружје во Европа

Политико: САД ќе ја забрзаат модернизацијата на нуклеарното оружје во Европа

Соединетите Американски Држави планираат да го забрзаат процесот на испраќање надградени Б61-12 ненаведувани нуклеарни бомби во НАТО базите во Европа, објавува Политико.

Бриселскиот портал се повикува на изјави на неименуван американски дипломат и уште двајца функционери запознати со овој случај, кои барале да останат анонимни.

Според нивните извештаи, првичниот план бил да се испратат тие бомби во базите на НАТО на пролет, но сега рокот е поместен нанапред, за декември оваа година.

Наводно претставниците на САД за сето тоа ги информирале членките на НАТО на неодамнешниот состанок во Брисел, кој се одржа зад затворени врати.

Во одговорот на Политико, Пентагон одбил да го коментира нуклеарниот арсенал на САД и кратко е соопштено дека „планот старите Б61 бомби да се заменат со понова верзија Б61-12 е дел од претходно испланираните и закажани напори да се модернизира тој арсенал“.

„Тоа на никој начин не е поврзано со актуелните случувања во Украина“, навел во пишан одговор портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Патрик Рајдер.

Бомбите Б61 спаѓаат во групата нуклеарни бомби развивани во 1960-тите години, додека понапредната верзија има модерна опашка која им овозможува подобра прецизност.

Оружјето е наменето за бројни западни борбени авиони, вклучувајќи ги бомбардерите Б-2 и Б-21, но можат да ги носат и Ф-15, Ф-16, Ф-35 како и авионите „торнадо“.