вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Полска потврди прв случај на коронавирус

Полска потврди прв случај на коронавирус

Полска денеска го регистрираше првиот случај на коронавирус на своја територија.

– Станува збор за маж, кој престојувал во Германија. Заразениот не е многу возрасен и не припаѓа во ниту една ризична група, изјави на прес-конференција полскиот министер за здравство Лукаш Шумовски.

Тој истакна дека вкупно 68 лица се примени в болница во Полска и ќе бидат тестирани за коронавирус, а околу 500 луѓе се ставени во карантин.

Исто така, вработен во компанијата „Амазон“ во американскиот град Сиетл е ставен во карантин, откако имал позитивен тест за коронавирус, соопшти компанијата.

Во соопштението се наведува дека вработениот на 25 февруари си заминал дома од работа, по што се почувствувал лошо и оттогаш повеќе не се вратил на работа. Колегите кои биле во директен контакт со него, се предупредени за ризиците од пренесување на вирусот.

„Амазон“ има 50.000 вработени во Сиетл, каде се наоѓа главното седиште на компанијата.