недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Помпео ги предупреди Европејците за ризикот од зависноста од Кина

Помпео ги предупреди Европејците за ризикот од зависноста од Кина

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги предупреди денеска Европејците за опасноста од „зависноста“ од Кина, која според него, им се заканува на западните демократии.

– Кинеската комунистичка партија сака да ве принуди да изберете меѓу САД и Кина, истакна Помпео во видео обраќањето на Самитот за демократија, организиран во Копенхаген.

Тој нагласи дека не може да постои таков избор без негирање на она што се всушност тие земји, додавајќи дека „демократиите кои се зависни од авторитарни режими не го заслужуваат своето име“.

– Се надевам дека ќе слушнам повеќе јавни изјави од Европа околу прашањето за кинескиот предизвик. Треба јасно да се зборува и пред се да се дејствува одлучно, за да не се остави простор за каква било конфузија во изборот меѓу тиранијата и слободата, изјави Помпео во еден од своите досега најостри говори во однос на Пекинг.