среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Помпео и Столтенберег го осудија иранското дестабилизирачко насилство во регионот

Помпео и Столтенберег го осудија иранското дестабилизирачко насилство во регионот

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг телефонски разговараа за „опасниот“ напад врз воздухопловните бази во Ирак, Ајн ал-Асад и Ербил, и иранската закана по регионот, изјави портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус.

Помпео уште еднаш го истакна апелот на американскиот претседател Доналд Трамп за поголема инволвираност на НАТО на Блискиот Исток. Двајцата се согласија дека може да биде поголемо учеството на Алијансата во регионалната безбедност и борбата против меѓународниот тероризам.

– Помпео и Столтенберг испратија заедничка осуда поради иранското дестабилизирачко насилство и укажаа дека остануваат посветени во борбата против меѓународниот тероризам, вклучително и преку учеството на НАТО во Глобалната коалиција за пораз на ИД и со мисии за воени обуки во Ирак и во Авганистан, изјави Ортагус.