сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Помпео: Кина мора да се промени

Помпео: Кина мора да се промени

Американскиот државен секретар Мајк Помпео повторно се фокусираше на Кина за време на неговиот денешен говор и апелираше до американските сојузници да „применат покреативни и поефикасни начини“ на притисок врз официјален Пекинг за да го смени своето однесување.

Говорејќи во библиотеката „Ричард Никсон“ во Јорба Линда, Калифорнија, родното место на 37-от американски претседател, Помпео оцени дека стравувањата на претседателот Никсон во 1970 година, кога ја нарекол кинеската комунистичка партија „Франкенштајн“, биле пророчки.