понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Помпео: Сирија нема да добие ниту еден долар од САД, ако не се повлечат Иранците

Помпео: Сирија нема да добие ниту еден долар од САД, ако не се повлечат Иранците

САД нема да финансираат во обновувањето на Сирија додека силите и единиците, поддржани од Иран, не ја напуштат земјата засекогаш, предупреди американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Тој истакна дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп бара политичко и мирно решавање на конфликтот во Сирија, како и „повлекување од Сирија на иранските сили или пак оние кои се поддржани од Техеран“.

– Бевме јасни. Ако Сирија не гарантира целосно повлекување на силите поддржани од Иран, тогаш нема да добие ниту еден долар од САД за нејзино обновување, нагласи Помпео.

(Миа)