понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Помпео со критика до Кина поради ситуацијата во провинцијата Синџијанг

Помпео со критика до Кина поради ситуацијата во провинцијата Синџијанг

Во говор пред законодавците на сојузната држава Висконсин, американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска предупреди за кинеското влијание врз политикита и изборите во САД и впери прст кон Пекинг за третманот на муслиманското малцинство во Кина.

Откако беше прашан дали Вашингтон планира да изнесе официјален став за осуда поради жестокото однесување на власта со муслиманите, тој изјави дека САД размислуваат како да го формулираат описот на ситуацијата во кинескиот регион Синџијанг.

Државниот секретар рече дека за тоа прашање треба внимателност и прецизност.

-Ние размислуваме какви формулации да употребиме кога се посочува на таа ситуација. Кога говориме за злосторства против човештвото или за геноцид треба да бидеме многу внимателни и многу прецизни, затоа што тоа има голема значење, изјави Помпео на настап во Капитолот на сојузната држава Висконсин. (МИА)