среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Популарната водителка загина управувајќи електричен тротинет (ФОТО+ВИДЕО)

Популарната водителка загина управувајќи електричен тротинет (ФОТО+ВИДЕО)
ФОТО: Профимедиа

Британската водителка, Емили Хертриџ (35) загина во Лондон откако во нејзе директно удри камион додека управувала електричен тротинет, а се се случи во близина не нејзиниот дом, да доста прометен кружен тек.

Брзата помош пристигнала веднаш, но за жал познатата водителка загина на лице место.

Се верува дека е ова прв случај каде што управувач на електричен тротинет учествува со сообраќајка со смрти последици.

Инаку, електричните тротинети доста популарно превозно средство во градовите ширум светот, па така и кај нас во Македонија, кои што не се регулирани со закон.

Корисниците на електрични тротинети, кај нас можете често да ги забележите по тротоарите, на обележани патеки за велосипеди, како и на самите улици во сообраќајот. А во Европа овие тротинети одамна се озаконети.