понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Популарниот индиски актер почина од Ковид-19: Ова е неговата последна снимка од болница (ВИДЕО)

Популарниот индиски актер почина од Ковид-19: Ова е неговата последна снимка од болница (ВИДЕО)

Индискиот влогер и актер почина како оследица од Ковид-19 набрзо откако на социјалните мрежи објави видео снимка во која ги критикува состојбата и медицинската нега во болницата во која се наоѓал.

Рахул Вохра (35) починал во неделата во болница во Њу Делхи каде бил примен кон почетокот на мај.

Неговата сопруга Џоти Тивари ја сподели веста за неговата смрт со видео запис кој актерот го снимил во болничкиот кревет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jyoti Tiwari (@ijyotitiwari)

-Ова е во моментов исклучително вредно. Без ова пациентите страдаат. Обидете се да ги повикате дежурните, не доаѓаат. Доаѓаат за еден час или повеќе и морате некако да се изборите со нивното отсуство, истакнал тој во видеото.

Неговата смрт доаѓа во време кога Индија се соочува со невидени трагични размери како последица на вирусот. Имено, во реката Ганг откриени се 150 тела, а сомнежите се дека лицата сековид жртви чии семејства не можеле да ги погребаат.

Индија се бори со колапс на здравствениот систем, недостаток на места во болниците и крематориумите.

Во понеделникот регистрирани се нови 366.161 случај на коронавирус и 1754 починати лица.

Светската здравствена организација соопшти дека мутацијата на коронавирусот откриена во Индија, B.1.617, е класифицирана како загрижувачка варијанта.