среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Популарниот забавен парк Леголенд од 2027 година и во Белгија

Популарниот забавен парк Леголенд од 2027 година и во Белгија

Белгиските власти најавија дека популарниот забавен парк Леголенд ќе се појави и во Белгија од 2027 година, јави дописничката на МИА од Брисел.

Веста ја потврдија и федералната влада и локалните власти на градот Шарлероа каде ќе се наоѓа забавниот парк од 2027 година.

Градоначалникот на Шарлероа, Пол Мањет, ја поздрави оваа одлука и најави дека отворањето на забавниот парк за регионот ќе значи 800 директни нови работни места.

Забавниот парк ќе биде сместен на поранешната локација на индустриската локација на компанијата Катерпилар.

Инвестицијата на Леголенд во Белгија од страна на Мерлин Ентертејнментс изнесува 370 милиони евра, но половина од инвестицијата ќе биде во рацете на јавниот конзорциум Согепа кој му припаѓа на регионот Валонија. Конзорциумот ќе инвестира околу 90 милиони евра. (МИА)