понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поради видео игра: 9-годишно момче ја затрела својата сестра (13)

Поради видео игра: 9-годишно момче ја затрела својата сестра (13)

Деветгодишно момче ја застрела својата тринаесетгодиша сестра во сојузната американска држава Мисисипи заради видео игра, соопшти полицијата. Според информациите, момчето зело пиштол и ја застрелало од зад грб, откако неговата сестра одбила да му го даде управувачот за играта.

Локалниот шериф објави дека тинејџерката од претрепните повреди во мозокот, починала во болница во Мемфис. Останува нејасно, од каде му било оружјето на момчето, ниту со какви последици ќе се соочи со оглед дека има само 9 години.

Додека се случувал овој ужасен инцидент, мајката на децата, како што пренесе полицијата, била во другата соба и ги хранела другите деца.

Полицијата ги истражува околностите за пукањето, вклучително и како оружјето – пиштол калибар 25, се нашол во рацете на толку мало дете.