понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поранешен американски претседател во болница само ден по погребот на неговата сопруга

Поранешен американски претседател во болница само ден по погребот на неговата сопруга

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш постариот е примен во болница во Хјустон поради инфекција која се проширила во неговата крв, само ден по погребот на неговата сопруга, Барбара Буш.

93-годишниот Буш бил примен во болницата Хјустон Методист откако во саботата на погребот на неговата сопруга присуствуваше во инвалидска количка. Тие беа во брак 73 години.

-Тој е на терапија и во моментот се опоравува, изјави семејниот портпарол, Мек Грат.

Буш е најстариот поранешен претседател кој во Овалната соба служеше еден мандат од 1989 до 1993 година. Во минатата година тој беше примен во истата болница поради кашлица, а потоа му беше дијагностицирана пневмонија.