петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поранешниот премиер Бенџамин Нетанјаху води на изборите во Израел

Поранешниот премиер Бенџамин Нетанјаху води на изборите во Израел

Партијата Ликуд на поранешниот израелски премиер Бенџамин Нетанјаху води на изборите со 30 пратенички места, пренесуваат израелските медиуми.

На второ место е партијата Јеш Атид на актуелниот премиер Јаир Лапид со 22 пратенички места.

Најдолговечниот израелски премиер, кому му се суди за корупција, би требало да добие 61 или 62 пратенички места од 120, според излезните анкети на израелската телевизија.

Претходно беше објавено дека во Израел на 1 ноември во 7 часот по локално време беа отворени избирачките места за предвремени парламентарни избори.

Ова се петти парламентарни избори од 9 април 2019 година. Врз основа на нивните резултати ќе се утврдува составот на Кнесетот (парламентот) на 25-тото свикување, а потоа ќе започне процедурата за формирање владина коалиција. Доколку биде успешен, новата влада и премиерот ќе положат заклетва.

На овие избори гласаат 6,78 милиони избирачи: тоа се државјани на земјата над 18 години кои се на денот на гласање во Израел или во странство на официјални службени патувања.