петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Повеќе од сто вработени во градскиот јавен превоз во Лондон починале како последица на коронавирусот

Повеќе од сто вработени во градскиот јавен превоз во Лондон починале како последица на коронавирусот

Повеќе од сто вработени во градскиот јавен превоз во Лондон починале како последица на компликации од инфекција со коронавирусот, пишува „Би-Би-Си“.

Од нив 75 биле возачи во автобускиот јавен превоз, а 23 вработени во метрото. Повеќето од нив се припадници на етнички малцинства, пет се жени.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, изјави дека градското јавно сообраќајно претпријатие обезбедило дополнителна помош за семејствата на починатите колеги.

Тој појасни дека заклучно со 10 мај од последици на Ковид-19 починале вкупно 105 вработени во градското транспортно претпријатие, меѓу кои има и хигиеничари и вработени во службите за одржување на возилата. Од нив 27 се работници со азиско потекло, 33 со потекло од Африка, а 28 белци.

Од претпријатието не се објавени податоци за 16 од починатите, од кои се знае дека еден бил со мешано потекло.