петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пожар во станбена зграда во Сочи

Пожар во станбена зграда во Сочи

Над 50 лица, меѓу кои и 15 деца, се евакуирани попладнево од своите домови, откако пожар зафати петкатна станбена зграда во центарот на рускиот град Сочи.

Според локалната полиција, пожарот, кој започнал на покривот на објектот, досега уништил над 600 метри квадратни површина.

Во тек е операција на противпожарните екипи за гаснење на огнот.

Претставник на противпожарната служба изјави дека во градот дува силен ветер, кој достигнува брзина и до 20 метри во секунда, што го отежнува гаснењето на огнот и може дополнително „да ја усложни состојбата“.

Засега нема информации за жртви при пожарот.