Откако Турција беше погодена од разорен земјотрес на почетокот на февруари, на интернет се појавија видеа од „мистични“ светла кои го осветлуваа небото за време на земјотресот.
Иако на интернет можеа да се најдат различни објаснувања за овој феномен, во кои доминираа размислувањата на бројни квазианалитичари и псевдонаучници, турските власти објаснија дека молњите, односно светлата, не претставуваат никаква необична појава и дека постои јасна причина за сè.
Директорот на турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), Орхан Татар, се осврна на ова прашање за време на прес-конференција и рече дека феномените слични на гром се вообичаени.
„На длабочина од 8-9 километри, земјината кора е скршена по должината на раседот, а овој прекин се случува долж рамнината на триење“, рече Татар.
Поради ова, објаснува Татар, нормално е густата маса на светлина, слична на удар на гром, да се формира долж линијата каде што овој расед се прекинува со толку голем ефект на триење.
„Земјотресот предизвика директно уништување во 10 провинции. Ја пресметавме областа на ударот од 110 илјади километри. Кога ги оценуваме информациите од теренот, знаеме дека има оштетени згради во различни населени места, особено во провинциите во близина на епицентарот на земјотресот“, објасни Татар.