недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претседателот на Бразил мисли дека има рак на кожа

Претседателот на Бразил мисли дека има рак на кожа

Претседателот на Бразил Жаир Болсонаро денеска изјави дека е можно да има рак на кожата.

Тој ова го изјави откако беше на лекар каде му биле отстранети бенки од увото.

Претседателскиот кабинет соопшти дека нема знаци оти Болсонаро има карцином и само потврди дека тој попладнето бил на лекар.

– Претседателот е во добра здравствена состојба, без индикации дека има рак на кожата и продолжува со состаноците закажани за оваа недела, соопшти неговиот кабинет.

Болсонаро претходно изјави дека му било советувано да го откаже патувањето во Салвадор затоа што се чувствувал исцрпено