Ерменскиот претседател Армен Саркисјан поднесе оставка, објавено е на неговата веб-страница.
Ерменскиот претседател изјави дека таа одлука ја донел поради фактот што нема инструменти да влијае на внатрешната и надворешната политика, пренесува РИА Новости.
„Тоа не е одлука водена од емоции и има одредена логика. Претседателот на државата нема инструменти да влијае на важни прашања ниту од внатрешната, ниту од надворешната политика“, се вели во соопштението објавено на неговата официјална веб-страница, пренесе ТАС С.