„Fat Man“ („Дебелиот човек“), втората и последна атомска бомба фрлена во војна, паднала на 9 август 1945 година врз јапонскиот град Нагаски, предизвикувајќи невидено уништување и со овој ужас била засенета дури и трагедијата што се случила во Хирошима, три дена порано.
Сепак, малкумина знаат дека Нагасаки воопшто не бил примарна цел на атомската бомба. Процесот на избор на градови на кои ќе биде испорачан овој ужасен товар бил крајно необичен … толку многу што денес изгледа речиси нереално!
Список на смртни случаи
На нападите им претходеле интензивни дискусии за изборот на цели за напад. Водачите на американската администрација подготвиле список на потенцијални мети.
Основниот предуслов бил градовите да имаат воено значење. Од 66-те поголеми градови во Јапонија, 59 веќе биле уништени во претходните напади, па листата уште од старт била скратена.
Друг фактор бил извештајот на Роберт Опенхајмер, славниот физичар, познат како креаторот на атомските бомби. Во него биле наведени просторните спецификации што треба да ги има градот, како би бил максимален ефектот на атомските бомби.
Одборот на тој начин „номинирал“ 4 градови – Хирошима, Кокура, Нигата и Кјото, места кои релативно биле „поштедени“ од уништување во претходната војна.
Хирошима бил првиот избор. Освен што дотогаш најмногу бил поштеден од големи разурнувања, таа била и главниот штаб на генералот Хата Шунроку, кој бил задолжен за одбраната на јужниот дел од Јапонија. Сепак, мнозинството од населението сепак биле цивили – 255 илјади од нив.
Нагасаки бил дојден подоцна!
Околу изборот на другата мета, имало повеќе преговори …
Приказната, која денес е невозможно да се потврди, вели дека стариот јапонски град Кјото бил отстранет од списокот под влијание на Хенри Л. Стимсон, државниот секретар на САД, кој својот месен месец го поминал во овој град децении претходно и тогаш многу го засакал.
Па така бил избран Кокура, стар град во префектурата Фукуока, Јапонија. Бидејќи било неопходно на списокот да се има и резервна мета, Нагасаки бил додаден на истиот (дури тогаш).
Меѓутоа, кога дошол 9 август и кога американските бомбардери полетале носејќи го својот смртоносен товар, го затекнале Кокура обвиткан во облаци – толку густи што градот долу не можел јасно да се види.
Бидејќи наредбата била да се пука само доколку можат визуелно да ја потврдат метата, пилотите се откажале од Кокура и продолжиле кон алтернативната цел – Нагасаки. Другата опција била да се одложи нападот.
И денес во Јапонија велат „Кокурина среќа“ за необично спасување од опасност.
Страшни последици
Соочена со советската инвазија на Манџурија и очекуваното заедничко слетување на сојузниците на островите, како би спречила потенцијална трета експлозија, Јапонија конечно се согласила на безусловна капитулација. Таа се предала на 15 август 1945 година, што овозможило Втората светска војна конечно да заврши.
Во годините што следеле, илјадници луѓе ги изгубиле животите од ефектите на радијацијата.
Во август 2004 година бил објавен список со повеќе од 450.000 имиња на настраданите (дали во нуклеарните напади, дали потоа) – 292.325 во Хирошима, 165.409 во Нагасаки.