Откако Путин ѝ отвори војна на Украина, политичките лидери, граѓаните и славните личности се огласија во солидарност и со молитви.
Принцот Хари и Меган Маркл се огласија на веб-страницата на нивната фондација „Aрчвел“ за воениот конфликт и застанаа на страната на Украина и притоа ги повикаа светските лидери да го направат истото.
„Принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс и сите ние во Арчвел стоиме со народот на Украина против ова прекршување на меѓународното и хуманитарното право и ја охрабруваме глобалната заедница и нејзините водачи да го сторат истото“, беше напишано во соопштението во четвртокот.
Изјавата дојде откако рускиот лидер Владимир Путин најави „специјална воена операција“ во областа Донбас во Украина, сепаратистички регион во земјата за кој рече дека оваа недела треба да биде независен – потег што го отфрлија САД и Украина.