четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во посета на САД

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во посета на САД

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт вчера ја почнаа својата прва посета на САД по осум години. Принцот и принцезата од Велс слетаа на меѓународниот аеродром „Логан“ во Бостон со комерцијален лет на „Бритиш ервејс“ во тридневна посета со наглсака на климатските промени.

Британскиот престолонаследник и Кетрин – Кејт Мидлтон беа пречекани гувернерот на Масачусетс, Чарли Бејкер. Но, сѐ тоа е, некако, во сенка на новиот расистички скандал, откако кумата на принцот се откажа од почесната кралска функција, затоа што неколкупати прашала Афробританка – од каде е „навистина“?… Инаку, 83-годишната Сузан Хуси – една од шесте куми на престолонаследникот Вилијам, се извини за своето однесување.

– Расизмот нема место во нашето општество. Тие коментари се неприфатливи и правилно е лицето веднаш да се повлече, изјави гласноговорникот на кралската двојка во Бостон.

Принцот Вилијам не бил вклучен во одлуката, но „тој верува дека тоа е вистинскиот чекор што треба да се преземе“, според неговиот официјален претставник.

Тие треба да се сретнат и со градоначалничката на Бостон, Мишел Ву, со американскиот претставник за климатски прашања, Џон Кери и со американската амбасадорка во Австралија, Керолин Кенеди во Градското собрание на Бостон.

Белата куќа соопшти дека претседателот на САД, Џо Бајден ќе се сретне со кралската двојка в петок.

Ова е прво патување на кралската двојка во странство откако Вилијам (40) стана престолонаследник во септември, кога неговиот татко ја наследи кралицата Елизабета Втора и стана крал Чарлс Трети. Последен пат тие ги посетија САД во 2014 година.

Не е најавена средба на принцот со неговиот брат Хари кој живее во Лос Анџелес.