четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Приватна прослава во Германија стави во карантин 900 лица

Приватна прослава во Германија стави во карантин 900 лица

По семејна приватна прослава во германски град повеќе седетици лица се позитивни на коронавирус, а 900 се во карантин.

Поради заразата на прославата, повеќе училишта морале да превземат мерки за да спречат ширење на вирусот, па околу 900 ученици и наставници се во карантин.

Имено, од прославата досега позитивни на вирусот се 36 лица, но се уште сите гости не се идентификувани.

Според градските власти бројот на заразени би можел да биде многу поголем бидејќи станува збор за роденденска прослава која се одржала на приватен простор,

Според еден весник, прославата започнала рано наутро и траела до доцна во ноќта, а гостите за време на целиот ден се менувале, па е тешко точно да се утврди нивниот број.