сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продолжува операцијата за спасување на рударите затрупани во рудник за злато во Кина

Продолжува операцијата за спасување на рударите затрупани во рудник за злато во Кина

Продолжува операцијата за спасување на 18 рудари кои беа затрупани во рудник за злато во автономната област Ксинџијанг Ујгур во северозападна Кина.

Како што јави агенцијата Ксинхуа, несреќата се случила во саботата околу 13.40 часот. Под земја во тој момент работеле вкупно 40 луѓе, а безбедно биле извлечени 22 рудари.

Во неделата околу два часот по полноќ, спасувачите откриле застој, проток на воздух и гасови во рудникот. „Сега е утврдена точната локација на заробените луѓе. Сепак, сложената подземна ситуација и нестабилните околни карпи донесоа многу тешкотии во спасувачката операција. Се уште нема контакт со 18-те лица“, изјави Лу Веи, главен офицер за безбедност на индустријата за обоени метали во Ксинџијанг.

По несреќата, во текот на ноќта, штабот за спасување мобилизираше повеќе од 300 лица, повеќе од 80 спасувачки возила и 467 комплети опрема за итни спасувачки операции. Шест машини за дупчење и стручни екипи излегле на местото на настанот. Професионалните спасувачи и релевантните владини тела исто така направија план за обезбедување на безбедноста и ефикасноста на спасувачката операција.