сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продолжуваат антивладините протести во Израел

Продолжуваат антивладините протести во Израел

Израелскиот Парламент утрово беше блокиран од демонстранти кои од синоќа протестираа против ингеренциите на Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да го заобилоли Кнесетот при носењето на мерки во борбата против Ковид-19.

Израелската полиција набрзо го растури протестот и приведе четворица демонстранти.

Протестите во Израел се одржуваат еднаш неделно и привлекуваат се повеќе млади лица. Минатата недела на протестите учествуваа илјадници луѓе. Израелската полиција минатиот месец уапси пензиониран генерал на израелското воено воздухопловство, што предизвика негативни реакции.

Демонстрантите бараат и полекување на Нетанјаху од премиерската функција бидејќи против него покренат е судски процес поради корупција. (МИА)