Една од двете црни кутии на кинескиот авион што се урна во понеделникот е пронајдена во тешко оштетена состојба, соопштија истражителите.
Снимачот е толку оштетен што истражителите не можат да кажат дали се работи за рекордер на податоци за летот или за диктафон во пилотската кабина, пишува Скај Њуз.
Да потсетиме, Боингот 737-800 со 132 патници и членови на екипажот патувал од Кинминг кон Гуангжу, кога се урна во планините Гуангкси.Кина објави дека нема преживеани во авионската несреќа.