Денешниот протест на жителите на јужноукраинскиот град Херсон, кој веќе неколку дена се наоѓа под контрола на руските сили, беше растурен со пукање од автоматско оружје, јавија локалните медиуми, додавајќи дека во пукотницата едно лице е повредено.
Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба во експресната реакција на Твитер ги осуди „руските воени злосторници кои отворија оган врз невооружени луѓе, кои мирно демонстрираа против напаѓачите“.
Локалните медиуми покажуваат како демонстранти маршираат кон главниот плоштад во Херсон и потоа како војници ги пресретнуваат и отвораат оган, по што се гледа како демонстрантите бегаат од пукањето.
На второ видео се гледа постар човек со повредена нога, но на видеото не се гледа дека има жртви.
Херсон, град во близина на црноморскиот полуостров Крим, што Русија го анектираше во 2014 година, е првиот поголем уктаински град што беше заземен од руските сили од почетокот на инвазијата врз земјата. Оттогаш жителите на Керсон редовно излегуваат на протести.