недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Прв круг парламентарни избори во Франција: Макрон се соочува со голем предизвик

Прв круг парламентарни избори во Франција: Макрон се соочува со голем предизвик
фото: Tanjug/AP

Гласачите во Франција денеска излегоа на првиот круг од парламентарните избори, на кој ќе се одлучи дали претседателот Емануел Макрон ќе добие мнозинство или ќе остане без поддршката потребна за спроведување на реформската агенда.

Макрон се соочува со силен предизвик од обединетиот лев блок, што според анкетите може да го лиши претседателот од потребното мнозинство во парламентот, наведува Ројтерс.

Анкетите покажуваат дека на Макрон и на неговите сојузници би можело да им недостасуваат дури 40 места од потребното мнозинство од 289 пратеници.

Анкетите пред изборите покажуваат дека лидерката на десницата Марин Ле Пен би можела да освои позиција во парламентот во првиот круг и да добие над 50 отсто од гласовите.